Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои од учесниците на Евровизија!
Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.
Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа,изјави Захарова на нејзиниот канал Телеграм.
Захарова објави и краток клип на кој се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.
— Pluton (@Pluton45873221) May 12, 2024
Овогодинешниот победник е репрезентативецот на Швајцарија, познат под псевдонимот Немо, кој во неизвесен финиш и ја одзеде победата на Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.