Украинскиот преговарач Михаил Подолјак за “BBC” рекол дека по 26 дена војна дошло до некои промени во мировните преговори. Порачал дека украинскиот отпор ја принудил Русија попримерно да ја процени реалната ситуација, што помогнало во постигнување на некој облик на дијалог.

Сепак, се истакнува дека секоја одлука за мировниот договор ќе биде донесена меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин. Засега, тврди Подолјак, нема договорен датум кога двајцата лидери би можеле да се состанат.

Не сакал да изнесува детали од преговорите, но дал до знаење дека Киев нема да прифати никаков компромис по прашањето за територијалниот интегритет или суверенитет на Украина. Претходно и Зеленски порачал дека Украина нема да ги прифати руските ултиматуми.

Подолјак порачал дека е фрустриран бидејќи НАТО не сака да воведе зона за забрана на летови во Украина.

Тие нам не ни го затвораат небото. Стојат на страна кога милиони бараат место за живот. Ова е хуманитарна катастрофа во Украина, додал тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.