Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени со инјекција на подиумот во неколку француски дискотеки. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења.
Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената.
Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати.
Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа.
Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол.
Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ.
„Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе.
Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“.
Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.