Во својата русофобна хистерија, властите во Киев се обидуваат да го уништат пријателството меѓу рускиот и украинскиот народ, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Со тие зборови таа реагираше на иницијативата на израелскиот амбасадор во Украина, Михаил Бродски, властите во Киев да извршат „дерусификација“ со замена на сите имиња на улиците на главниот град на Украина кои носат имиња на руски великани.

Захарова рече и дека на тој начин властите во Киев се обидуваат да им го одземат сеќавањето на Украинците на личности како Лав Толстој, Фјодор Достоевски и Александар Пушкин, како и многу команданти и борци на Црвената армија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.