Во украински региони под руска контрола утрово почна гласањето на референдум за приклучување кон Русија, пренесе Бета.

Сепаратистичките власти го најавија референдумот во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје по контраофанзивата на украинската армија која врати делови од територијата во последните неколку недели.

Гласањата, кои треба да траат до 27 септември, почна утрово во 5.00 часот по Гринич.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.