Во вчерашното вечерно обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски за пвпат јавно го критикуваше градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговите соработници дека не си ја завршиле работата за организирање на засолништа и помош на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.

За помош низ Украина се отворени повеќе од 4.000 т.н „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се стоплат, да добијат вода, интернет и телефон, но според Зеленски имало доста критики за работата во Киев.

За жал, локалните власти не завршија добро во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки…Најблаго кажано, треба да се работи повеќе, рече Зеленски

Зеленски ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли.

Ова се необични изјави бидејќи Зеленски се обидуваше да остави впечаток на национално единство од почетокот на војната и обично ги пофалуваше другите функционери.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.