Генералштабот на украинската војска соопшти дека големата контраофанзива на украинските сили околу Харков, вториот по големина град во Украина, ги дава првите сериозни резултати. Според тврдењата на Генералштабот, украинските сили ја вратиле контролата на пет села.
Според Фејсбук страницата на Генералштабот, руските војници се под таков притисок што уништиле три моста за да го забават напредувањето на Украинците.
Харков е под постојани ракетни напади од почетокот на војната. Никој не знае колку луѓе загинале во борбите за овој украински град – ниту цивили, ниту војници од двете страни. Но, според проценките на престижниот Институт за проучување на војната во Вашингтон, битката за Харков моментално е во одлучувачка фаза. Можно е украинските сили наскоро да ја потиснат руската армија од овој стратешки важен град – пишува Би-Би-Си.
Институтот за проучување на војната наведува дека украинските сили постигнале значителен напредок северно и источно од Харков и дека е можно наскоро да ги принудат Русите да се повлечат, по што градот би бил надвор од артилериски дострел.
Оваа операција се развива во успешна, голема контраофанзива, многу поразлична од локализираните контраофанзиви што ги правеа од почетокот на војната. Повторно заземаат многу територии во поширокото подрачје околу Харков. Подготвеноста за концентрирање на војниците покажува дека украинската армија верува дека може да ја спречи руската операција за опкружување на војниците во Северен Доњецк. Претходниот ден Русите не успеаја да напредуваат во областа Изјум, каде што претходно беа успешни. Сепак, тие зазедоа делови од територијата на периферијата на Северен Доњецк – наведуваат од институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.