Портпаролката на поранешната канцеларка Ангела Mеркел, Мартина Фиц почина по тешка болест, соопшти германската влада.
Фиц на 29 октомври за последен пат седеше покрај меркел на последната прес-конференција за новинари на поранешната канцеларка.
Портпаролот на германската влада Стефан Хебештрајт соопшти дека Фиц починала по кратка, но тешка болест.
Според пишувањето на „T-Online“ Фиц имала рак. Пред доаѓањето во информативната служба на германската влада Фиц работела за повеќе германски медиуми, меѓу кои и за медиумите на групацијата „Аксел шпрингер“
Таа во тимот владини протпароли влезе во април 2018 година како заменичка на главниот портпарол на Меркел, Стефан Сајберт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.