Едно 12-годишно дете загина откако беше застрелано во основно училиште во финскиот град Вантаа, во близина на Хелсинки, соопшти денеска финската полиција, пренесе ДПА.

Други две 12-годишници се тешко повредени, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи уапсија еден 12-годишен ученик пред училиштето. Осомничениот сторител со себе имал огнено оружје. Полицијата соопшти дека апсењето поминало без проблеми.

Од јавноста беше побарано да се држи подалеку од областа додека полицијата продолжува со истрагата во основното училиште во областа Виертола во Вантаа, на југот на Финска, потсетува ДПА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.