Франција ја зголемува безбедноста на белгиската граница, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, откако претходната ноќ две лица беа убиени во Брисел.
Немаме информации дека напаѓачот би можел да се движи кон Франција, но како мерка на претпазливост ќе го удвоиме бројот на безбедносните службеници на границата“, изјави Дарманин за радиото „RTL“, пренесува Ројтерс.
Осомничениот за пукањето е идентификуван како Абдеселам Л (45) од Шербек, по потекло од Тунис. Обвинителството истражува видео на кое осомничениот вели дека ја поддржува терористичката организација „Исламска држава“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.