Повеќе од 250 украински борци излегоа од опколената челичарница „Азовстал“ во Мариупол по тајните преговори за нивна евакуација. Украинската војска избегнува да го користи зборот предавање, опишувајќи ја операцијата како обид да се спасат што е можно повеќе животи.
„Напорите да се вратат момците дома продолжуваат и тоа бара деликатност и време“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Педесет и тројца тешко ранети војници се префрлени во болница во Новоазовск, а 211 заминаа за Оленивка преку хуманитарен коридор. Двата града се наоѓаат на територија во Донбас што е под контрола на проруските бунтовници.
„За нивно враќање дома, ќе биде направена размена“, изјавија од украинското министерство за одбрана, додавајќи дека се работи на извлекувањето на преостанатите бранители, чија точна бројка не е позната.
Зеленски додаде дека војниците биле евакуирани на територија под контрола на сепаратистите со цел да се спасат нивните животи по недели интензивни борби и гранатирања.
„На Украина ѝ се потребни живи украински херои. Тоа е нашиот принцип“, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.