Во писмото упатено до шефот на ОН, Антонио Гутереш и претседателката на Советот за безбедност, Ванеса Фрејзиер, Техеран нагласи дека неговиот напад врз Израел е правен и оправдан чин на самоодбрана од израелските „агресии“.

Иранската мисија во ОН го осуди неуспехот на Советот за безбедност да го осуди смртоносниот израелски воздушен напад врз конзулатот на земјата во Дамаск на 1 април.

Како одговорна членка на Обединетите нации, Исламската Република Иран е посветена на целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја повторува својата доследна позиција дека не бара ескалација или конфликт во регионот, се вели во писмото.

Сепак, Иран предупреди дека ќе го брани својот народ и интереси од секакви закани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.