Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, во третиот обид успеал да ја помине границата со Полска, пренесува украинска „Правда“.

Порошенко отпатувал на конгресот и самитот на Европската народна партија во Ротердам, а претходните два пати беше спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти парламентарната фракција на неговата партија.

Утринава, Порошенко му се обратил на претседателот Володимир Зеленски за да го увери дека опозицијата работи со властите за зајакнување на Украина.

Порошенко порачал дека неговата цел е да и помогне на Украина со статусот на кандидат за членство во ЕУ во јуни, да ја поддржи Украина во војната против Русија, да најде финансиска помош за земјата и да помогне во планот за повоена обнова.

Тој минатата недела два пати беше запрен на граничниот премин со Полска додека како член на украинската парламентарна делегација отиде на состанок на Парламентарното собрание на НАТО.

Украинските медиуми тогаш пишуваа дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.