Петмина Руси кои избегале од мобилизацијата се заглавени на аеродромот во Сеул и таму живеат веќе неколку месеци
Студентот од Бурјатија, Владимир Марактаев, за корејското издание „The Korea Times“, вели дека си заминал од дома на 24 септември откако добил покана за во војска.
Потоа, тој и неговите пријатели ја преминале монголската граница со автомобил, оттаму одлетале на Филипините, а потоа во Кореја, надевајќи се дека таму ќе добијат азил. Сепак, од ноември Марактаев живее на аеродромот Инчеон во Сеул.
Како што вели тој, одлучил да поднесе барање за азил во Кореја затоа што го привлекувала земјата, за која верува дека има развиена демократија и граѓански права.
Сепак, се покажуваа дека корејското Министерство за правда не го смета избегнувањето воен рок за валидна причина за добивање статус на бегалец.
Сега петтемина Руси кои избегале од мобилизацијата живеат во зоната на поаѓање на аеродромот Инчеон. Ним им се одбиени барањата за азил и не можат легално да го напуштат корејскиот аеродром. Надлежните им обезбедуваат храна.
Луѓето ја обжалиле одлуката до корејското Министерство за правда, а доколку судот не застане на нивна страна, тие најверојатно тие ќе бидат депортирани во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.