Во Њујорк се запали кран, а потоа удри во зграда и дел од него се откина и падна на земја. Според првичните информации повредени се пет лица. Меѓу повредените има и двајца пожарникари, но се здобиле со полесни повреди.

Се запалил кран кој бил поставен на зграда во Њујорк, а делот кој е паралелен со земјата се свртел, удрил во блиската зграда, се откинал и паднал на земја на 10-та авенија.

Градските власти соопштија дека споменатата авенија е затворена од безбедносни причини. Околните згради се евакуирани поради можност за дополнително уривање, јави ABC.

Пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот на врвот на кранот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.