Руски медиуми јавуваат дека во текот на ноќта, припадници на специјалните сили на Чеченија, влегле во Мариупол и ги повикуваат припадниците на нациоанлистичкиот баталјон „Азов“ да го се предат со цел да се избегнат непотребни цивилни жртви.
Влегувањето на чеченските борци во Мариупол, го потврди и лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој на свпојот канал на Телеграм директно им се обраќа со порака дека имаат неколку часа да го положат оружјето и апелира да не се кријат за цивилите.
Националниот баталјон има само еден начин да излезе од градот, ианку ќе биде ликвидиран, Времето поминува и не ви е сојузник. Ги имате наредните неколку часови, вечерва веќе ќе биде доцна. Барем еднаш постапете како мажи заради цивилите во градот. Ви повотрувам дека вечерва ќе биде доцна – вели Кадиров во пораката.
Чеченскиот лидер додава дека околу и во Мариупол се распоредени околу пет илјади од најдобрите чеченски борци.
Како што наведуваат медиумите, чеченските сили имаат огромно искуство во операции за „чистење“ на градски средини, стекнато за време на многубројни успешни антитерористички акции спроведени во Чеченија, против борци со големо искуство во урбана војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.