Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за „Си-Ен-Ен“, порача дека Русија, од една страна, и САД и НАТО, од друга страна, се на многу различни колосеци, што е причина за загриженост.
Има одредено разбирање меѓу нас. Но, генерално, во принцип, сега можеме да кажеме дека остануваме на различни патеки, сосема различни колосеци. И ова не е добро, ова е загрижувачки – изјави Песков за резултатите од последните разговори.
Тој, исто така, ја повтори потребата Русија да добие законски обврзувачки гаранции дека Украина нема да влезе во НАТО и децидно ги отфрли обвинувањата за наводната намера на Русија да ја милитаризира ситуацијата со Украина, додавајќи дека САД досега не обезбедиле никакви докази за таквите тврдења.
Во интервјуто за „Си-Ен-Ен“ од Песков беше побарано да ги објасни извештаите дека Русија „планира воена ескалација или напад врз Украина“.
Прво, можете сами да видите дека тоа не се случува. Второ, синоќа слушнавме дека Џејк Саливан (советникот за национална безбедност на претседателот Бајден) вети дека во рок до 24 часа ќе ги открие доказите за овие наводи, а, ако не се лажам, ние се уште ги чекаме. Знаете, живееме во свет на лажни обвинувања, лажни вести, свет на лаги – одговори Песков
Тој додаде дека додека не се изведат наводните докази, ќе биде јасно дека станува збор за лажни вести и лажни обвинувања против Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.