Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа бидејќи плаќањата за испорачаниот гас по 1 април ќе пристигнуваат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој на прес-конференцијата рече дека е неповратен декретот на претседателот Владимир Путин да се плаќа во рубли и дека во моментот, според Русија, тоа е најдобрата и најбезбедна валута за плаќање, пренесе „Ројтерс“.

Руската енергетска компанија „Газпром“ изјави дека почнала да ги информира клиентите за новите руски правила, според кои тие ќе треба да плаќаат за гас во рубљи.

„Газпром“ додава дека ќе остане одговорен партнер и ќе обезбедува снабдување со гас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.