Русија испрати автоматско предупредување до Соединетите Американски Држави за лансирањето на „оревокршачка“ 30 минути порано, бидејќи се работи за балистичка ракета, изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Постои руски национален центар за намалување на нуклеарните закани, кој работи во автоматски режим и е во постојана врска со истиот систем што постои во САД. Врз основа на тоа, 30 минути порано е испратено предупредување за лансирање преку овој систем, бидејќи се работи за проектил со краток и среден дострел – објасни Песков.

Тој додаде дека предупредувањето за неговото лансирање не е задолжително, бидејќи не е интерконтинентално, но сепак е балистичко и дека во тие случаи центарот работи во автоматски режим.

Портпаролот, исто така, нагласи дека Русија не е обврзана да испрати известување за такво лансирање.

Дополнително, Песков нагласи дека тестирањето на најновата руска суперсонична ракета ја покажа способноста на Москва да му одговори на Западот доколку продолжи да ја игнорира нејзината загриженост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.