Преговорите меѓу Москва и Киев за конфликтот во Украина, кои се водеа лице в лице во Белорусија, продолжија преку видео врска, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин ги информирал францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц за време на разговорите за преговорите одржани во видео формат во последните денови, соопштува Ројтерс.
Песков рече дека Владимир Медински, кој ја предводеше руската делегација во разговорите лице в лице, ќе продолжи да ги води преговорите во име на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.