Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сè уште не е донесена одлука за промена на режимот на специјалната воена операција во Украина.
Песков ги коментираше извештаите за претстојната промена на режимот на специјалната воена операција во Украина во режим на антитерористичка операција, за која пишуваа некои руски недржавни медиуми.
Тоа е целосно привилегија на врховниот командант и претседател на државата. До денеска такви одлуки не се донесени – одговори Песков.
Портпаролот на Кремљ, исто така, ги демантираше извештаите за подготовка на претседателско обраќање во кое се најавува промена на статусот на специјалната воена операција.
Не, нема да биде, тоа е лажна вест – изјави Песков.
Тој оцени дека коментарите на функционер на Пентагон дека Украина може да ја користи опремата што ја добива од САД за напади врз цели на Крим се крајно опасни.
Коментарите на Лора Купер, заменик-помошник секретар на Пентагон за руски, украински и евроазиски прашања, се „исклучително опасни“ и „доказ за директно вмешаност на САД во конфликтот – додаде Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.