Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се уште не е завршена делумната мобилизација во Русија на стотици илјади резервисти за учество во борбите во Украина.
Песков додаде дека, сепак, негои региони веќе го завршиле процесот.
Во моментов се уште нема претседателски указ за прекин на мобилизацијата – потенцира Песков пред медиумите.
Песков изјави дека неколку региони го завршиле процесот на мобилизација, но не прецизираше кои.
За секој регион Министерството за одбрана постави квоти. Некои велат дека го завршиле овој процес – изјави тој за медиумите.
Песков вети дека руските власти нема да мобилизираат повеќе од најавената цел од 300.000 резервисти.
Песков изјавата ја дава само еден ден откако градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, најави затворање на центрите за воена мобилизација во руската престолнина, кои работеа речиси еден месец. Според проценките на Собјанин, градот веќе ја пополнил својата квота војници што ќе бидат испратени да се борат во Украина, откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација на 21 септември.
Рускиот претседател минатата недела кажа дека очекува мобилизацијата да заврши „за две недели“, признавајќи дека биле направени грешки во процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.