Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска ја коментираше идејата на Полска да ги испорача своите МиГ авиони на Украина преку базата на НАТО во Германија, како и користење на странски аеродроми за поддршка на Украина.

Песков рече дека тоа е опасно и крајно непосакувано сценарио.

Министерството за одбрана веќе ја коментираше можноста за користење на кој било друг аеродром за полетување воени авиони. Ова е крајно непосакувано и потенцијално опасно сценарио, вели Песков.

Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски со денови ги моли западните сојузници да ги предадат борбените авиони на украинските воздухопловни сили на кои би можеле да летаат нивните пилоти. Тоа се главно МиГ-29, кои Полска, Словачка и Бугарија ги имаат меѓу европските членки на НАТО, пренесе Индекс.хр.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.