Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнува дека рускиот претседател, Владимир Путин, повеќе пати порачал дека цивилите во секој момент може слободно да ја напуштат фабриката за челик во „Азовстал“ во Мариупол, додека милитантите може да го направат тоа откако ќе го положат оружјето.

Песков реагираше на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој порача дека Киев е подготвен за итни преговори за евакуација на луѓето од „Азовстал“ во Мариупол.

Претседателот јасно стави до знаење дека цивилите може да излезат и да заминат каде сакаат. Милитантите мора да го положат оружјето и исто така да излезат. На тој начин, нивните животи ќе бидат спасени. На сите повредени и болни ќе им биде укажана медицинска помош. Што има да се преговара во овој случај? – истакна Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.