Поранешниот потполковник во американската армија, Дејвид Френклин Слејтер, кој служел во штабот на нуклеарните сили, е обвинет дека доставувал доверливи информации на одредена „жена од Украина“ со која се допишувал преку страница за запознавање.

Како што е наведено од американското Министерство за правда, 63-годишниот Слејтер се пензионирал, но задржал безбедносен сертификат во седиштето на Стратешката команда, која ги контролира нуклеарните сили на САД.

Во обвинението е забележано дека од февруари до април 2022 година, поранешниот офицер известувал за оперативни информации од извештајот на стратешката команда на американската армија.

Истражителите забележуваат дека Слејтер разбрал со кого има работа и ја сфатил тежината на неговите постапки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.