Од Пентагон соопштија дека украинските партнери обезбедиле дополнителни воени авиони за армијата на Украина, како и делови за поправка на борбени авиони кои се оштетени или неисправни.

Украинците добија дополнителни авиони и делови за авиони за да им помогнат да оспособат што е можно повеќе борбени авиони – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој сепак, истакна дека Вашингтон не обезбедил авиони за Украина, пренесуваат светските агенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.