Главната пречка за влез на Украина во Европската Унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

Во соопштението се додава дека освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал.

Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат главната пречка за закрепнување на економијата на земјата по конфликтот и привлекувањето странски инвестиции, се вели во соопштението од канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.