Американската страна ќе се соочи со последиците и ќе ја плати цената за поткопувањето на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Според најавите, авионот на Ненси Пелоси слетал во Тајпеј околу 16 часот и 45 минути по македонско време.

Кина го оцени како провокација што може да го доведе светот во ера на неред и нестабилност. Да потсетиме дека и двата кинески носачи на авиони Лиаонинг и Шандонг испловија од своите пристаништа, пишува кинескиот Глобал Тајмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.