Во Пекинг денеска, за прв пат од 2014 година, температурата е над 40 степени Целзиусови, а соборен е и рекордот за најтопол ден во јуни од почетокот на мерењата.
Метеоролошка станица на јужната периферија на Пекинг денеска регистрираше 40,7 степени Целзиусови, што е првпат прагот од 40 степени да биде надминат од 29 мај 2014 година.
Претходниот рекорд беше поставен на 10 јуни 1961 година, кога беа измерени 40,6 степени Целзиусови.
Во Пекинг денеска е во сила портокалов метео аларм.
Метеоролозите издадоа предупредување за сериозни жештини во текот на викендот во главниот град на Кина.
Северна и источна Кина беше погодена од топлотен бран минатата недела, речиси две недели порано од претходните години.
Портокалово предупредување се издава кога максималната температура ќе надмине 40 степени во еден ден или кога максималната температура останува над 37 степени два последователни дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.