Папата Франциск повика на дипломатско решение на војната во Украина што ќе резултира со праведен и траен мир, по вчерашното одбележување на втората годишнина од руската инвазија.

„Толку многу жртви, толку многу ранети, толку многу уништувања, болка и солзи во период кој ужасно се одолговлекува и на кој не му се гледа крајот. Оваа војна не само што го опустошува целиот регион, туку предизвикува и глобални бранови на омразата и страв“, рече папата Франциск во неделното обраќање.

Се залагам за тоа да се најде онаа малку човечност за да се создадат услови за дипломатско решение во потрагата по праведен и траен мир“, рече Светиот Отец.

Лидерите на групата седум индустриски најразвиени земји во светот, Г7, вчера ветија дека ќе продолжат да стојат на страната на Украина. Неколку западни лидери вчера го посетија Киев за да покажат солидарност со Украина на втората годишнина од руската инвазија.

Папата Франциск ги повтори своите молитви за Израел, за Палестинците и за „многу народи фатени во виорот на војната“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.