Папата Франциск, на последниот ден од неговата посета на Канада, им порача на домородните лидери дека го боли тоа што католиците поддржувале угнетувачка и неправедна политика против нив.

Папата се сретна со делегација на староседелци во резиденцијата на надбискупот во Квебек, пред да се упати на арктичката територија Нунавут, која Канада ја создаде во 1999 година за Инуитите.

Дојдов како брат за да ги откријам од прва рака добрите и лошите плодови што членовите на локалното католичко семејство ги носеле низ годините – порача папата Франциск.

Тој истакна дека дошол во духот на покајанието, да ја изрази својата искрена болка за неправдата што им ја нанеле голем број католици кои поддржувале угнетувачка и неправедна политика кон нив.

Домородните деца биле изгладнувани и физички малтретирани во католичките училишта во Канада, бидејќи го зборувале својот мајчин јазик, а многу од нив биле сексуално злоупотребувани во системот што канадската комисија за вистина и помирување го нарече „културен геноцид“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.