Папата Франциск се приклучи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за прекин на огнот во Украина на Велигден, кој православните верници го слават на 24 април, соопшти Светата столица.

Светата столица и Светиот Отец се придружуваат на повикот кој на 19 април го упати Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, во договор со Неговата Светост Свјатослав Шевчук, поглавар на Грчката католичка црква во Украина, за прекин на огнот на Велигден по Јулијанскиот календар, на 24 април, се вели во соопштението од Ватикан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.