Новиот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, денеска најави дека ќе го извлече најголемиот град во САД од пандемијата, потпирајќи се на издржливоста на њујорчани, ветувајќи дека новите градски власти ќе работат подобро, иако во тоа нема да бидат радикално различни.

Неколку часа откако положи заклетва на Тајмс Сквер, Адамс го искористи своето инаугуративно обраќање за да вети поголема ефикасност, да ги потсети њујорчаните на нивната репутација дека се силни и да ги охрабри речиси деветте милиони луѓе да донесат новогодишни одлуки, како и дека повеќе нема да бидат контролирани од пандемија, пренесува АП.

-Вакцинирањето не дозволува кризата да ве контролира. Уживање во шоуто на Бродвеј, испраќање на децата на училиште, назад во канцеларија. Ова потврдува дека нашиот град е наш, изјави Адамс во Градското собрание.

Како што ја презема функцијата, Адамс (61) се соочува со огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, додека  Њујорк се бори со рекорден број случаи предизвикани од варијантата омикрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.