Цените на акциите на Волстрит вчера значително паднаа, трет ден по ред, па трета недела по ред се со загуби, додека инвеститорите се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки на Федералните резерви на САД.
Индексот Дау Џонс падна за 313 поени или 0.89 отсто, на 34.715 поени. S&P 500 се лизна за 1.10 отсто на 4.482 поени. Индексот Nasdaq 1.30 отсто на 14.154 поени.
Во првиот дел на вчерашното тргнување, индексите беа на позитивна територија, бидејќи некои од вложувачите проценија дека, по два дена остар пад на цените на акциите, тоа е добра шанса за купување.
Подоцна бранот на купување стивна, па индексите повторно, трет ден по ред, значително паднаа.
-Се чини дека немаше доверба, па купувањето изгуби на динамика, изјави Ренди Фредерик, потпретседател на Чарлс Шваб.
Од 11 најважни сектори, во 10 цените на акциите паднаа, а само еден благо порасна.
Индексот Nasdaq, од друга страна, се втурна уште подлабоко во областа на корекција, па сега е околу 12 отсто под рекордното ниво постигнато во ноември минатата година.
Тоа е последица на натамошниот притисок врз технологијата, но и врз другите берзански сектори базирани на раст, бидејќи во пресрет на зголемувањето на клучните каматни стапки на ФЕД, се зголемија приносите на американските државни обврзници.
Приносите на референтните 10-годишни обврзници достигнаа речиси 1.9 отсто, највисоко ниво во последните две години, додека уште на почетокот на годината се движеа околу 1.5 отсто.
Приносите брзо растат бидејќи постојат сомнежи дека ФЕД може поагресивно да ја заостри монетарната политика, отколку, како што се очекуваше, за да се спречи инфлацијата, која достигна највисоко ниво во речиси 40 години.
Аналитичарите проценуваат дека ФЕД веќе во март може да ги зголеми клучните каматни стапки за 0.25 отсто поени, а потоа уште два или три пати до крајот на годината.
-Во нестабилен период сме, вреднувањата се високи, каматите растат, изгледите се матни… има повеќе причини за загриженост, отколку пред неколку месеци, процени Петер Туз, претседател на Chase Investment Counsel.
Инвеститорите се фокусираат и на деловните резултати на компаниите, бидејќи започна сезоната на објавување квартални деловни извештаи.
Резултатите на поголем дел од компаниите се подобри од очекуваното. Досега, извештаите ги објавија повеќе од 60 компании од индексот S&P 500, при што повеќе од 70 отсто од нив ги надминаа очекувањата за заработка.
На повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Всушност, лондонскиот FTSE индекс падна за 0.06 отсто, на 7.585 поени, но франкфуртскиот DAX порасна за 0.65 отсто, на 15.912 поени, а парискиот CAC – 0.30 отсто, на 7.194 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.