Американските власти пронајдоа четири замрзнати лица во близина на американско-канадската граница за кои се мисли дека биле мигранти кои се обиделе да пристигнат во Северна Дакота. Станува збор за двајца возрасни, тинејџер и доенче.

Американските цариници запреле комбе со 15 патници,  во кое пронашле двајца индиски државјани без документи, објави Еј-Би-Си.

Ги нашле замрзнати

Подоцна, на некои 400 метри од границата, полицијата уапсила уште пет Индијци без документи кои се обиделе да ја преминат границата со САД. Еден од нив носел ранец во кој имало работи за децата; како облека, пелени и играчки. Тој им рекол на властите дека носел ранец за семејство кое патувало со нив, но се одвоило од нив во текот на ноќта.

Канадската и американската полиција потоа почнала да ја пребаруваа областа од двете страни на границата и набрзо ги пронашле телата на четирите лица замрзнати до смрт во Манитоба – маж, жена, тинејџер и доенче.

Температурите во Емерсон, Манитоба, на американско-канадската граница, во средата паднаа на минус 25 степени Целзиусови. Американска гранична патрола го уапсила Стив Шанд (47), американски државјанин од Флорида, кој го возел комбето со мигрантите. Шанд моментално е во притвор во округот Гранд Форкс, Северна Дакота. Се уште не е познат идентитетот на жртвите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.