Во нападот на Хамас на Кфар Аз загинаа стотици луѓе, а шокантните сцени ги снимија новинарите од бројни светски медиуми, кои заедно со Израелците по масакрот влегоа таму.
„Војниците цел ден ги пребаруваа урнатините, извлекувајќи ги телата на цивилите кои беа убиени во масакрот. Се верува дека повеќето од убиствата се извршени во саботата наутро, во часовите по почетокот на нападот“, пишува Би-Би-Си.
На израелската армија, според написите, и беа потребни повеќе од 12 часа за да навлезе во оваа заедница, чии жители беа цел на Хамас.
Давид Бен Зион, заменик командант на 71-та единица, вели дека пронашле тела изгорени со молотови коктели.
Hamas has become worse than ISIS by committing mass executions and crimes against humanity. Hamas must disappear and all terrorists must die.
“Men, women, children, hands tied, shot, executed, beheaded.”
CNN’s Nick Robertson doesn’t hide his shock, reporting live from Kfar Aza,… pic.twitter.com/Ms7Q3hXflf
— Slava (@Heroiam_Slava) October 11, 2023
Бен Зион изјави за Би-Би-Си дека напаѓачите на Хамас кои убиваа семејства, вклучително и бебиња, биле „само машина за џихад што ги убива сите, луѓе без оружје, без ништо, нормални граѓани кои отишле да појадуваат“.
„Тешко е да се опише колку е ова ужасно, масовно убиството што се случи овде“, изјави новинарката на „i24“ во пренос од Кфар Аз.
“They cut head of children.
They cut head of women.”
David Ben Zion, Deputy Commander of Unit 71 of the IDF confirms soldiers found the decapitated heads of children and women in Kfar Aza after Hamas gunman stormed their homes.
— Oli London (@OliLondonTV) October 11, 2023
„Бебиња со отсечени глави, изрешетани цели семејства, убиени во нивните кревети“, раскажува Никол пред камерата и додава дека вакво нешто никој никогаш не можел да замисли.
Ник Робертсон од Си-Ен-Ен вели дека многу жители на оваа заедница биле убиени.
„Мажи, жени, деца, врзани, застрелани, обезглавени“, вели тој.
„Тоа не е војна. Тоа не е бојно поле. Гледате бебиња, мајки и татковци во спалните соби, во училиштата и како терористите ги убиваат. Тоа не е војна. Тоа е масакр“, изјави за новинарите генералот Итаи Верув.
„Убиваа бебиња пред своите родители, а потоа ги убиваа нивните родители. Родителите беа убиени, а бебињата ги најдовме меѓу кучињата и семејствата убиени пред нив. На луѓето и бебињата им ги сечат главите“, рекол Верув и додал дека такво нешто во животот не видел.
„Ова не е нешто што се случува во поновата историја“, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.