Кремљ објави дека смета оти одлукатана Финска да аплицира за членство во НАТО е „закана за Русија“, односно дека ширењето на тој одбранбен сојуз „нема да ја зголеми безбедноста и стабилноста во Европа, како ниту во остатокот на светот“.

Финска, за потсетување, денеска одлучи дека ќе побара влез во НАТО, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, порача дека влезот на Финска во нато ќе оди доста брзо.

Ова е суверена одлука на Финска, која НАТО целосно ја почитува. Доколку Финска одлучи да аплицира за членство, ќе биде топло добредојдена во НАТО, рече Столтенберг.

Од друга страна пак, Кремљ порача дека Русија е подготвена да одговори на која било страна која ќе се обиде да се вклучи во конфликтот во Украина.

Портпаролот на Путин, Димитриј Песков, рече дека сите сакаат да избегнат директен судир меѓу НАТО и Русија.

Тој додаде дека денешниот потег на Финска е за жалење и „дефинитивно закана за Русија“, како и тоа дека е причина за „симетричен одговор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.