Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) и неговото семејство имаат империја вредна седум милијарди долари, според „Форбс“.

Италијанска „Република“, пак, наведува дека неговото богатство е 3,5 милијарди евра и дава увид колку пари му носат одредени компании. Берлускони ја дели империјата со пет деца – Пјеро Силвио, Луиџи, Барбара, Марина и Елеонора.

Денес, Марина и Пјер Силвио го предводат инвестицискиот фонд „Фининвест“ и медиумската куќа „Медиасет“, а поделбата на имотот може да ги стави Барбара, Елеонора и Луиџи во сопственост на поголемиот дел од имотот.

Семејството Берлускони имаат удел во телевизија, фудбал, штедни влогови на Италијанци, сопствени тајкунски куќи и многу повеќе, вклучувајќи три авиони и еден хеликоптер.

Иако поминаа златните денови на телевизијата, кога само компанијата „Медиасет“ на берзата имаше капитал од повеќе од 18 милијарди евра во 1999 година, економската империја создадена од Берлускони останува првокласна деловна групација чии граници не е секогаш лесно да се одредат, истакнува италијанскиот весник.

„Фининвест“ холдинг од 1978 година е компанија која е во голема мера активна, а Берлускони секогаш ја ставал во фокусот на претприемачките и финансиските иницијативи. „Фининвест“ има контролен удел во три компании кои сите котираат на берзата со 2,8 милијарди евра.

Семејството Берлускони ја поседува и банката „Медиоланум“. „Фининвест“ контролира речиси 48 отсто и на берзата вреди 712 милиони евра.

Тука е издавачката куќа „Мондадори“, симбол на уште една фаза од сагата на Берлускони, која денес поседува 50 издавачи, меѓу кои и најпознатите Еинаути и Рицоли.

Тој холдинг го задржува апсолутното мнозинство од вкупната пазарна вредност од 273 милиони евра.

Петте деца на Берлускони веќе имаат директен удел во „Фининвест“, но тој, како основач, отсекогаш имал цврсто мнозинство, со удел од 61,2 отсто.

Најстарата ќерка Марина и братот Пјер Силвио поседуваат по 7,65 отсто од „Фининвест“, додека Барбара, Елеонора и Луиџи заедно имаат 21,42 отсто.

Дури и ако Силвио го резервира раководството на „Фининвест“ (и Мондадори) за Марина, а раководството на „Медиасет“ за Пјер Силвио, допрва треба да се утврдат идните контролни структури, додава „Република“.

Хипотетички, доколку Берлускони реши да ги подели своите 61,2 отсто подеднакво на своите пет деца, секое од нив ќе добие дополнителни 12,24 отсто.

Барбара, Елеонора и Луиџи тогаш би имале повеќе од 58 отсто од „Фининвест“, додека Марина и Пјер Силвио на крајот би имале по 19,9 отсто.

Доколку две третини од пакетот од 61,2 отсто би биле поделени на децата во еднакви делови, билансите значително би се промениле.

Барбара, Елеонора и Луиџи би застанале на околу 46 отсто, што е помалку од апсолутно мнозинство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.