По израелските ракетни напади врз Газа, објавени се видеа и фотографии од тоа како сега изгледа една од побогатите населби Ал Рамал во центарот на Газа.

Од некогашната богата населба полна со куќи, згради и деловни простории остана само прашина и пепел. Некои на социјалните мрежи оваа населба ја нарекуваат „Беверли Хилс“ во Газа.

Некои наведуваат дека таму се наоѓале вилите на борците на Хамас, а други тврдат дека тоа не е точно, туку дека се работи за област во која живеело цивилно население.

Според најновите податоци на Министерството за здравство во Газа, повеќе од 1.000 Палестинци се потврдени убиени во израелските одмазднички напади по нападот во саботата на Хамас.

Во деноноќните напади на Израел загинаа 1.055 луѓе, а други 5.184 се повредени.

Од Министерството наведуваат дека две третини од повредените се жени и деца.

„Сите болнички кревети се полни – лековите и медицинските потрошни материјали се при крај“, се вели во соопштението.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.