Околу 45.000 полицајци ќе го обезбедуваат отворањето на Олимписките игри во Париз на 26 јули, на кое ќе присуствуваат над сто шефови на држави и влади.
На церемонијата, која првпат ќе се одржи надвор од стадион, ќе учествуваат околу 80 бродови ќе превезуваат спортисти од целиот свет на речната рута покрај Сена до Ајфеловата кула, изјави шефот за планирање и координација на ОИ, Ламбис Константинидис.
Се очекува 300.000 гледачи да бидат на кејот на Сена, што претставува сериозен безбедносен предизвик, особено во време на војна во Појасот Газа и Украина.
Рутата е долга шест километри, така што тоа е огромна област која мора да биде под безбедносен надзор. Затоа ни требаат толку многу луѓе, истакна Константинидис, додавајќи оти француските безбедносни служби соработуваат со американските безбедносни служби
Во мај годинава во францускиот град Сент Етјен беше уапсен маж осомничен дека планирал напад во име на Исламската држава врз фудбалскиот стадион во градот за време на Олимпијадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.