Полицијата приведе 50 лица и го отстрани протестниот камп што беше поставен пред зградата на Парламентот во главниот град на Нов Зеланд, Велингтон.
Граѓаните трет ден протестираа против епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19 и задолжителната вакцинација. По наредба на претседателот на Парламентот, Тревор Малард отстранети се шаторите. При растурање на кампот, демонстрантите се судрија со полицијата обидувајќи се да влезат во Парламентот.
Инспирирани од големите протести против задолжителната вакцинација во Канада, новозеландските демонстранти го присвоија мотото „Конвој на слободата“ и ги блокираат улиците во Велингтон. Граѓаните на Нов Зеланд не се задоволни од долготрајните епидемиолошки ограничувања, меѓу кои десетдневна изолација, задолжителна вакцинација за некои категории на населението.
Во Нов Зеланд од почетокот на пандемијата регистрирани се 53 смртни случаи и околу 18.000 инфицирани помеѓу популација од пет милиони жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.