Најмалку осум лица загинале во пожар во зграда во Москва, соопштија руските власти, прецизираjќи дека пожарот избувнал во хостел.

Првичните податоци укажуваат и дека уште четири лица се хоспитализирани.

Во друго соопштение, спасувачките служби посочија дека пожарот го зафатил најнискиот кат од 15-катница. Над 200 луѓе мораа да бидат евакуирани.

Решетките на прозорците ги спречија луѓето да се спасат. Тоа е главната причина за смртните случаи – изјави Андреј Румјанцев, привремен шеф на спасувачките служби во Москва.

Тој додаде дека алармот за пожар во хостелот не се вклучил, а при контролите на зградата во 2019 година и во јуни истата година биле констатирани прекршувања на безбедносните стандарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.