Oколу 2.000 луѓе загинале во серија силни земјотреси што го погодија западен Авганистан.

Како што соопшти портпаролот на владата на талибанците, Абдул Вахид Рајан за Германската новинска агенција (ДПА), бројот на повредени е многу поголем. Тој додаде дека продолжува потрагата по преживеани продолжи.

Најмалку осум земјотреси со интензитет од 4,6 до 6,3 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во текот на вчерашниот ден северозападно од авганистанскиот град Херат, што е во близина на границата со Иран. Земјотресите биле на мала длабочина од околу 10 километри.

Силните земјотреси се чести во регионот каде што се спојуваат арапската, индиската и евроазиската плоча. Во минатогодишниот разорен земјотрес во Авганистан загинаа повеќе од 1.000 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.