Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко денеска изјави дека санацијата на оштетената енергетска инфраструктура при минатонеделните руски напади најверојатно ќе чини милијарди.
– Што се однесува до трошоците за поправка, реалните бројки по процената на штетите ќе бидат поголеми, мислам дека тоа ќе биде во милијарди, Галушченко.
Повеќе од еден милион Украинци останаа без електрична енергија на 22 март, откако Русија го изврши еден од најголемите напади врз енергетската инфраструктура на земјата до сега.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 88 ракети и 63 беспилотни летала Шахед од иранско производство.
Иако, како што тврди Киев, од нив 37 биле соборени, била погодена најголемата брана на хидроцентрала во Украина, што предизвика прекин на електричната енергија во неколку региони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.