Финските власти и предале на Украина глисери од типот Уиско. Овие пловила беа планирани за повлекување од финската војска, што доведе до одлуката да се префрлат на украинските воени единици. Ваквите чамци се способни да достигнат брзина до 65 км/ч, опремени се со митралез и фрлач на гранати.

Со оглед на тоа што украинските сили загубија огромен број разни пловила, особено при бројните обиди да доставуваат војници и намирници во Кринки на левиот брег на реката Дњепар, како и неколкуте обидфи за искрцување на територија на Крим, оваа одлука за снабдување со глисери е сосема разбирлива.

Како што објавја романски медиуми, обуката на украинските екипажи ќе се одржи во Романија, најверојатно на Дунав. Последователно, тие ќе бидат преместени во сливот на Дњепар.

Ваквиот план потврдува дека Романија презема сè поактивна улога во поддршката на украинската армија, служејќи или како лансирно поле за подготовки или како логистички центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.