Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ќе отпатува во Москва каде што треба да разговара со рускиот претседател, Владимир Путин, за поголемо снабдување на Унгарија со руски гас.

Унгарија во септември 2021 година потпиша долгорочен договор со „Газпром“, врз основа на кој рускиот концерн ќе испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас преку Србија, односно Австрија, заобиколувајќи ја Украина.

Во разговорот на Орбан со Путин ќе стане збор и за растечките тензии во Украина.

Очигледно е дека не можеме да го избегнеме разговорот за безбедносната ситуација во Европа, а позицијата на Унгарија е целосно јасна. Ние сме заинтересирани за мир – истакна Орбан во минатонеделно интервју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.