Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ги обвини Европската Унија и полскиот премиер Доналд Туск за директно мешање во внатрешните работи на Полска, тврдејќи дека новата полска влада е „поставена“ од Брисел за да го собори претходното десничарско раководство.
Според Орбан, изборот на Туск и неговата коалиција е дел од поширок „план“ на ЕУ за менување на политичката сцена во земјите-членки кои не се согласуваат со нејзините политики.
– Не се работи за некаква тајна конспирација, туку за јавно објавен план кој има за цел да го собори секој режим што не одговара на интересите на Брисел, изјави Орбан, без да понуди конкретни докази за своите тврдења. Тој ја спореди ситуацијата со начинот на функционирање на поранешниот Советски сојуз, обвинувајќи ја ЕУ дека се обидува да поставува „марионетски влади“ во државите каде што го губи влијанието.
– Истото тоа се случува и кај нас – сакаат да го соборат нашиот суверенитет и да ја наметнат својата агенда врз нашиот народ. За нив сме само инструмент за спроведување на нивните планови, додаде Орбан.
Овие тврдења предизвикаа негативни реакции во ЕУ, од каде што го повикаа Орбан да престане со обвинувањата кои, според нив, служат само за дополнително поларизирање на унгарската јавност. Орбан, кој често ги критикува политиките на ЕУ и посебно Брисел, го користи сличниот наратив во својата реторика кога зборува за предизвиците со кои се соочува неговата влада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.