За време на самитот на НАТО во Брисел, унгарскиот премиер Виктор Орбан бил најрешителниот водач на земјите членки на Алијансата кој се спротиставил на повиците да се воспостави зона на забранети летови над Украина, или дури да се испратат војници на НАТО во оваа земја.

Нема да дозволиме Унгарија да биде втурната во оваа војна. Нема да испратиме војници или оружје во Украина. За ова се разбравме дури и со претседателот Зеленски. За нас, Унгарија доаѓа на прво место!, порачал Орбан.

Претседателот на Украина Владимир Зеленски бара НАТО да и забрани на Русија да врши прелети над Украина и воздушни напади. Оваа одлука би значела дека НАТО со своите борбени авиони и противавионски проектили ќе треба да ги спречи руските летала – односно директна војна меѓу Русија и НАТО. Некои од членките на НАТО – пред се Полска – ја поддржуваат оваа идеја и сметаат дека таа ќе ја одврати руската инвазија, но повеќето разбираат што тоа би значело, а Унгарија е најгласна во предупредувањето на последиците.

Унгарија целосно ги отвори своите граници за бегалците од Украина, и испраќа големи количества хуманитарна помош, но соопшти дека нема да дозволи преку нејзина територија на Украина да и се испрати оружје. Украина своето оружје го добива главно преку Полска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.