Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој претседава со Европската Унија, ја продолжи својата интензивна агенда во обид да стави крај на крвавата војна во Украина. По посетите на Москва и Киев, каде се сретна со претседателите Путин и Зеленски, Орбан денес е во Кина на средба со кинескиот водач Си Џинпинг.
Денес, претседателот Си стави на знаење дека Кина ќе продолжи со своите напори да се создаде мир. Не сме сами!, порача Орбан по средбата со кинескиот претседател.
Премиерот Орбан подвлече дека ова е негова втората средба со претседателот Си во два месеци, по средбата во Будимпешта, што укажува на високото ниво на контакти што Унгарија го има и кое почна да го применува веднаш по преземањето на функцијата претседавач со ЕУ. Орбан посетата на Пекинг ја нарече „мировна мисија број 3“, по посетите на Украина и на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.