Унгарскиот премиер Виктор Обран го обвини во неделата Брисел дека подмолно ја напаѓа Унгарија со низа санкции против Русија кои ги смета за „бомба“ за стопанството.

„Не сме загрижени поради оние кои ја напаѓаат Унгарија од темница, некаде од кулите во Брисел“, изјави во говорот одржан во Залаегерсег на западот на земјата, по повод националниот празник со кој се одбележува 66-годишнината од Унгарската револуција против поранешниот СССР во 1956 година.

„Ќе завршат онаму каде што завршија и нивните претходници“, додаде Орбан, предвидувајќи ѝ ја на Европската унија судбината слична на Советскиот блок кој се урна во 1991 година.

Говорот на унгарскиот премиер е во контекстот на неговите најави дека ќе биде одржан референдум за санкциите на ЕУ против Русија кои Орбан повеќепати ги критикуваше дека им нанесуваат големи штети на самите европски земји особено на Унгарија. Во главниот град Будимпешта и ширум земјата истакнати се плакати со пораката „Санкциите на Брисел нѐ уништуваат“.

„Војната е пред нашата врата, финансиската криза и забавувањето на економијата во ЕУ, инвазијата мигранти од југ… мораме да се соочиме со многу проблеми“, рече Орбан во неделата уверувајќи дека неговата влада е „силна и единствена“, како и дека ќе го надвладее искушението.

Унгарија од почетокот на војната во Украина настојува да го сочува добрите односи со Русија од која добива нафта и гас. Будимпешта одбива воено да ја помогне Украина и ја критикува стратегиите на европските челници во Брисел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.